Кадетската ракометна репрезентација на Македонија избори пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. По поразот во 1. коло од Грција, момците на Кирил Лазаров ја добија важната битка за место меѓу најдобрите четири на првенството.
Македонија славеше со 30:25, а особено добра игра видовме во вториот дел кога и беше направена високата разлика. Митев со 7 гола беше најдобар реализатор кај нашата селекција, а одличен меч имаа и Атанасијевиќ и петковски кои постигнаа по 4 гола.