Кадетската ракометна репрезентација на Македонија, од денеска го започнува настапот на ЕХФ-шампионатот во Грузија. Под водство на селекторот Брестовац, надежите ќе се обидат да го повторат успехот на јуниорите, кои во Скопје го освоија првото место.
Македонија е во група со Швајцарија, Естонија, Фарски острови, Луксембург и Литванија, а својот прв меч го игра од 13 часот против Литванците.