Денеска со ждрепка беа одредени групите за престојните европски првенства во ракомет во младинска и кадетска конкуренција.
Младинската женска репрезентација на Македонија се најде во групата „Д“ на претстојното првенство за играчи до 19 години, а за противници ги има репрезентациите на Црна Гора, Данска и Чешка. Шампионатот ќе се одржи во Романија во градовите Питешти и Миовени во период од 06 – 16 јули 2023 година.
Кадетската репрезентација на Македонија до 17 години, пак се најде во група со репрезетациите на Унгарија, Романија и Франција. Кадетките ќе учествуваат на ЕП во Црна Гора кое ќе се одржи во Подгорица од 03 – 13 август 2023 година.

