По синоќешната победа над Иран и обезбеденото прво место во групата, нашата женска ракометна кадетска репрезентација ги дозна и ривалите за втората фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје.
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во втората фаза на шампионатот ги очекуваат нови два меча, овој пат со силните репрезентации на Шведска и Исланд. Првиот меч нашите девојки го играат вечерва од 20:30 часот против Шведска во СЦ „Борис Трајковски“.