Валмир Какруки ќе биде во составот на нашата кошаркарска репрезентација за денешниот меч со Украина во квалификациите за СП 2023.
Бајиќ ќе смета на Какруки, кој ќе го замени Виктор Ефремовски, кој има проблеми со вирус. Крилото на Работнички не е во улога на дебитант, ако се земе в предвид дека во овој квалификациски циклус веќе доби шанса да заигра за нашиот сениорски национален тим. Играше на двете средби против селекцијата на Грузија во кој собра четири минути.
Денеска Какруки ќе чека нова шанса да го зголеми бројот на одиграни минути за сениорскиот состав кој го финишира првито круг од натпреварите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.