Рускиот ракометен интернационалец Глеб Калараш ја продолжи соработката со РК Вардар. Синоќа беше потврдено дека кружниот напаѓач останува и следната сезона во нашиот ракометен шампион.
Откако капитенот Стојанче Стоилов заедно со Иван Чупиќ, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер ги продолжија договорите со Вардар, синоќа уште еден играч потврди дека ќе остане во Скопје. Рускиот репрезентативец Глеб Калараш се одлучи да продолжи таму каде што застана, односно да ги брани боите на клубот со кои ги направи и најголемите успеси.
Претходно договорите ги продолжија Ристовски, Мишевски, Атанасовски, Гашовски и Крстевски, а оваа недела се очекува да стане јасно дали ќе остане и Сергеј Горпишин. До овој момен од Вардар си заминаа Кристопанс, Атман, Шишкарев, Толедо, Кукуловски, Скубе, Гедбан, Кугис и Горбок.