Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити Тандер ја доби наградата за најкорисен играч (MВП). Најдобриот стрелец во сезоната доби предност пред Србинот, Никола Јокиќ.
Канаѓанецот ја предводеше Оклахома до најдобриот ефект во лигата и до финалето на Западот. Бекот е вториот канадски кошаркар по Стив Неш кој ја добил наградата за најкорисен играч.
Треба да се напомене дека и седма сезона по ред наградата ја освојува играч кој не потекнува од САД.

