Првата ѕвезда на кошаркарскиот состав Торонто, Кавај Ленард, ќе потпише нова соработка за наредните пет години.
Тој има договор со актуелниот шампион на НБА лигата за уште една сезона кој планира да го продолжи до 2024 година. Според најавите, Ленард, сега за период од пет сезони ќе инкасира околу 190 милиони долари.
Кошаркарот на канадскиот тим во последната финална серија во „НБА“ лигата беше прогласен за МВП а неговиот состав за прв пат успеа да го освои шмапионскиот прстен.

