Kапитенот на МЗТ Скопје Дамјан Стојановски е првиот кошаркар кој летово го обнови договорот со клубот, со што продолжи соработката која веќе една деценија постои помеѓу клубот и македонскиот репрезентативец.
Стојановски е дел од МЗТ Скопје од 2012 година, период во кој дојде до седум шампионски титули, пет победи во Купот на Македонија и три во Суперкупот. Единствено не беше дел аеродромци само во сезоната 2016/17, кога се опоравуваше од тешката повреда добиена на меч за македонската репрезентација.
„Кога двајца се сакаат и почитуваат, договор лесно се постигнува, па така и официјално може да потврдиме дека нашиот Дамјан и десетта сезона ќе го носи сино-белиот дрес. A, дека „врската“ е сериозна и е на долги патеки говорат и плановите на управата за негово вклучување во клупскиот менаџмент, секако откако ќе реши да ја заврши играчката кариера“, велат од редовите на македонскиот шампион.
Искусниот 34-годишен кошаркар пред да дојде во редовите на МЗТ Скопје настапуваше уште за Лукоил, АМАК и Вардар.

