Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, наметна дилема дали по завршување на тековнава сезона ќе остане во редовите на „црвено-црните“.Т
ој во последното интервју дадено за клупската телевизија, потенцира, дека нема конкретен план каде ќе настапува во иднина. Хрватскиот интернационалец, потенцирал, дека Вардарци иако се во драстично променет состав од претходните години, не смеат да се отпишат од трката за титулата во Лигата на шампионите.
„Кога бевме шампиони не бевме многу силни, но, сите беа проверени играчи. И денеска имаме фонд на ракометари што може да одработат. Во 2017 видовме дека се може да се случи“ – издвои Карачиќ во интервјуто за клупската телевизија на Вардар.