Хрватскиот интернационалец во редовите на Вардар, Игор Карачиќ, ја реализира последната сезона во дресот на „црвено-црните“. Искусниот бек пред завршниот турнир на СЕХА Газпром лигата, вели, дека неговиот тим е подготвен за предизвикот против домаќинот Мешков Брест.
„ Во секој случај знаеме што не очекува и затоа ќе се обидеме да ја одбраниме титулата. Вардар има идентичен мотив и желба, мислам дека карактерот се изгради во последниве 5-6 години откако дојде Самсоненко. Вардар од почетокот на сезоната има зацртани цели. Сакаме да ја освоиме Сеха лигата, домашното првенство и Купот и секако да одиме на завршниот турнир во Лигата на шампионите“ – вели Карачиќ.
„ Мислам дека годинава никој не веруваше во Вардар, но, еве покажавме дека вредиме и дека имаме квалитет.Не е дека не сме непобедливи, но со нашата борбеност и желба сигурно ќе се обидеме да го оствариме тоа што беше зацртано пред нас. Еве јас сум седма година во Вардар, тука ги поминав најубавите години во мојот живот, во Скопје. Ако даде господ се ќе се заврши со уште еден убав момент а тоа е освојување на уште една СЕХА лига и со пласман на фајнал-форот во ЛШ“ – потенцираше Карачиќ.