Кошаркарот, Стив Кари, се осврна на зголемениот број на шутеви за тројка во НБА лигата и како тој влијае на таквиот развој на настаните.
„Сега повеќето во лигата шутираат тројки… Лично, ми се допаѓа. Не мислам на бројките туку на убавината на играта, секој го прави тоа малку различно. Тоа е нешто ново“ – вели играчот.
„Многу луѓе можеби имаат различни гледишта за тоа, но јас сакам да ја видам оваа еволуција. Ќе продолжам да шутирам тројки, не треба да се грижите за тоа“ – рече Кари.

