Црвена Ѕвезда објави дека кошаркарот, Тајрон Картер, кој се лекува од белодробна емболија е отпуштен од болница.
„Дефанзивецот се чувствува добро. Ќе му бидат направени дополнителни тестови како мерка на претпазливост за да се утврди дефинитивната причина за неговата состојба“, се вели во официјалното соопштение.
Картер успеа да игра на три натпревари од Евролигата со просек од 14,7 поени, 2,7 скока и 2,3 асистенции.

