41-годишниот ветеран под обрачите, Винс Картер, потпиша договор за соработка со Атланта хокс во период од една година, објавија медиумите во САД.
Тоа за него ќе биде 21-та сезона во НБА откако претходно ги бранеше боите на: Торонто Рапторс, Њу Џерси Нетс, Орландо Меџик, Феникс Санс, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис и Сакраменто Кингс. Картер кој со неговите игри остави посебен белег во најсилната лига на светов, има во просек по 18 кошеви, 4,5 скокови и 3,3 асистенции.
Картер во 1999 година го доби признанието за најдобар дебитант. Тој има и осум учества на Ол-стар натпреварите а со селекцијата на САД во 2000 год. на Игрите во Сиднеј го освои златниот медал.