Полски Киелце е вториот финалист во Лигата на шампионите, откако славеше со 25:24 во драматичен натпревар против француски ПСЖ во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Келн.
Мечот го одбележа жестока пресметка во сите 60 минути. Полјаците земинаа на пауза со плус 2 (16:14), а и во добар дел од второто полувреме имаа предност. ПСЖ на десет минути до крајот успеа да дојде до прво водство од 21-20, но драмата во финишот им припадна на Полјаците, кои успеаја да го одбранат последниот напад на Французите и со 25:24 да обезбедат место во големото финале.