Ракометарите на Кил се пласираа во финалето на Ф4 турнирот во Келн по еден драматичен натпревар со многу резултатски пресврти и падови и подеми во играта на двете екипи.
Кил го одигра одлично првото полувреме и го доби со 18:13 и кога во вториот дел продолжи со одличната игра и дојде до предност од 22:16 се чинеше дека ќе имаат лесна задача да додјдат до финале. Така не мислеа ракометарите на Веспрем кој направија неверојатна серија од 12:2 и дојдоа до предност од 28:24, а потоа застанаа и дозволија Кил да се врати во игра и да ја преземе предноста, з ана крајот на натпреварот да биде нерешено 29:29.
Во двете продолжение екипите се менуваа во водтсво, но на крајот поуспешен беше тимот на Кил кој славеше со 36:35 и обезбеди финале против Барселона. Кај Кил најефикасен беше Пекелер со 8 гола, а кај Веспрем, Борозан и Маргуч по 7 гола.

