Кирил Лазаров во улога селектор-играч и неговиот помошник, Филип Миркуловски, кои беа активни на теренот на првата средба со Данска во Скопје, денеска на вториот меч против Скандинавците ќе останат на клупата.
Лазаров и Миркуловски не се ставени на списокот за мечот во Алборг што значи дека ќе се насочат само кон тренерските должности. Средбата меѓу Данска и Македонија ќе започне во 16.00 часот.
На табелата, Mакедонија е лидер со максимални три победи и обезбеден пласман на ЕП, Данците се втори со 4 бодови, Швајцарија има 2 а Финска е последна без бод.