Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кире Лазаров е ново заштитно лице на Државна видеолотарија
    Ракомет

    Кире Лазаров е ново заштитно лице на Државна видеолотарија

    risteBy riste01/03/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Државна видеолотарија денес ја објави најновата соработка со еден од најголемите спортисти во историјата на Македонија. Ново заштитно лице на Државна видеолотарија е најдобриот ракометен десен бек на светот, Кирил Лазаров.

    „Привилегија е да се стане партнер со спортист чии подвизи ги видела цела Европа и ги слушнал целиот свет. Ликот на Кире Лазаров и неговиот професионален пристап кон спортот е симбол на тоа каков однос и ние сакаме да негуваме кон спортот и каква посвета и сериозност треба да има секој во она што го работи“ велат од Државна видеолотарија.

    „Задоволство ми е што можам да кажам дека сум ново лице на Државна видеолотарија, се надевам на долга соработка. Секој што се посветува на спортот и што вложува во него заслужува почит и е за поздравување, бидејќи спортот е неизбежен и важен дел од нашето живеење. Јас откако знам за себе тоа е мојот начин на живот и затоа им препорачувам, пред сè на младите да се занимаваат, макар рекреативно или, ако ништо друго, да следат спорт. Спортот е пред сè забава, но нè учи и на дисциплина и на одговорност, а тоа се вредности кои ги промовира и мојот нов партнер, Државна видеолотарија“, истакна Лазаров.

    Од неодамна, тој има нов предизвик, стана селектор на македонската репрезентација, а првиот настап на новата функција ќе го има на 11 март, против Данска во Скопје. Најавува дека почнува една нова епизода не само во својата кариера, туку во македонскиот ракомет

    „Функција со многу одговорност. Свесен сум за тоа и со многу волја желба и ентузијазам влегувам во овој нов предизвик за мене. Со Македонската ракометна репрезентација  сме во ‘брак’ повеќе од 20години. Се спремам веќе повеќе време за тренерската работа,сакам предизвик во животот. Има многу работа пред нас. Менуваме генерација, а сакаме да останеме на голема сцена. Имам идеа тоа е најважно. Ќе го направиме тоа да биде побезболно, ќе имаме препознатлива ракометна репрезентација со свој идентитет. Едвај го чекам првиот собир“, нетрпеливо најави Лазаров.

    Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно“, Државна видеолотарија го гради идентитетот на корпоративниот бренд кој се темели на сигурност, контрола, квалитет и безбедност во светот на игрите на среќа. Како модерна и одговорна компанија ќе продолжиме да ги негува заложбите за поддршка на спортот, во насока на поттикнување младите да го изберат спортот како свој личен и професионален предизвик.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.