Капитенот на Македонија, Кире Лазаров, по поразот од Шпанија на ракометниот Мундијал, вели дека поразот боли, но, дека мора да размислуваме само за утрешниот меч со Исланд.
„Одигравме квалитетно прво полувреме. Заслуживме да водиме три разлика, но, не ги користевме шансите. По тоа што се случи во почетокот на вториот дел моравме да чуваме сили за утрешниот дуел со Исланд“ – вели Кире Лазаров.
„Ние не калкулираме, тоа е добро за сегашнава селекција. Мора да го заборавиме дуелот со Шпанија. Исланд има подмладен тим ќе биде многу тешко“ – изјави Лазаров. Победничкот од утрешниот меч меѓу Македонија и Исланд ќе оди во втората фаза на светскиот шампионат.