Капитенот на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во интервјуто за – „Балкан хендбол“, објави, дека ќе ја заврши кариерата по сезоната 2020/21, кога ќе му истече договорот со францускиот Нант.
„Ќе се обидам луѓето да ме паметат по добро, не сакам да се сеќаваат дека Киро се влечел по теренот. Засега, предизвикот ме држи во живот, натпреварите, да се направи нешто и да се победи посилниот од тебе“ – потенцираше Лазаров.
„Никогаш не вели никогаш, но, тоа е тоа. Мислам дека наредните две години ќе бидат последни во мојата кариера, така се договоривме и со управата на Нант кога ја продолживме соработката“ – нагласи нашиот интернационалец.