Капитенот на нашата ракометан репрезентација, Кире Лазаров, очекува тешка битка на теренот на Исланѓаните во претстојниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство во 2020 година.мечот ќе биде одигран в среда во Рејкјавик.
„Добро се познаваме со Исланд бидејќи во последниве неколку години имаме реализирано многу мечеви. Последен пат се сретнавме на светското кога загубивме тесно, но, тоа не мора ништо да значи. Ние имаме нов селектор и треба да градиме игра во која ќе бидат вклучени сите ракометари. Исланд има квалитетна игра со која може да ја совлада секоја селекција“ – вели Кире Лазаров.
„Нашата репрезентација е помалку или повеќе иста. Очекувам два тешки меча, Исланд може да се стави во Топ 10 светски репрезентации. Ние треба да градиме победнички менталитет без разлика кој ни е противник“ – вели Кире Лазаров.
