Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, по поразот од Австрија во последното коло во групата „Б“ што воедно значеше и елиминација од ЕП, вели дека сите во селекцијата заслужуваат критики.
„Одигравме под нашето ниво. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полу-фластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме критика“ – изјави Кире Лазаров.
Нашата главна ѕвезда откако им се заблагодари на фановите што беа присутни во Виена, порача дека треба да се направи добра анализа и дека младите ќе треба да се наметнат за наредните мечеви. Лазаров го заврши ЕП со 22 гола.