Наместо Хендави, Чаневски и Трајковски, во новата сезона голот на Еурофарм Пелистер ќе го чуваат Секељи, Кизиќ и Ивановски. Комплетната промена на голманската тројка ја намали просечната старост и двајца млади македонски години, покрај искусниот Секељи, ќе добијат шанса во згуснатиот календар од новата сезона.
Младиот Марко Кизиќ во Битола дојде со долг договор, а и самиот многу очекува од новиот предизвик.
„Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе. Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб,. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува“, изјави младиот Марко Кизиќ.