Нашите најдобри ракометари го добија најтешкиот можен противник во баражот за место на Светското првенство кое ќе се реализира догодина во Египет.
Избраниците на Брестовац ќе треба да се соочат со селекцијата на Франција која има богата ризница исполнета со пехари од сите значајни ракометни настани.
Светското првенство ќе се игра од 14 до 31 јануари следната година и тоа во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор.