Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска на домашен терен ќе се обидат да дојдат до првата победа во тековнава сезона во Европската лига која премиерно се реализира под капата на ЕХФ.
Во Битола ќе гостува составот на Тримо Требње кој пред седум денови успеа да слави на домашен терен против избраниците на Жељко Бабиќ. Дуелот меѓу нашиот состав и екипата од Словенија кој е закажан во рамките на 6. коло на Европската лига ќе започне од 20:45 часот.
Во групата „Д“ води Рајн Некар со 6 бодови пред Тимо со 4 и Кадетен Шафхаузен кој има три. Следуваат ГОГ со 2 бода и Еурофарм Пелистер со 1 додека Татабања е без бодови.

