Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»„КЛ 7“ ребрендиран во РК “Голден Арт КЛ7” од следната сезона станува суперлигаш
    Ракомет

    „КЛ 7“ ребрендиран во РК “Голден Арт КЛ7” од следната сезона станува суперлигаш

    risteBy riste14/05/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната Федерација на Македонија на вчерашниот состанок на УО донесе одлука со која во македонската Супер лига од наредната сезона ќе се натпреваруваат 16 клубови, наместо досегашната бројка од 12.

    Со тоа во најсилната лига влегуваат најуспешните четири екипи од Првата лига. Со ова РК “Голден Арт КЛ7” од следната сезона станува суперлигаш.

    Целта на клубот кој од август 2019 стана нов ракометен субјект во Првата лига, беше влез во Супер лигата преку квалитетен тренажен процес и професионален развој на младите играчи. Стратегијата до која се држи и работи РК “Голден Арт КЛ7” е афирмација на млади македонски талентирани играчи, која покажа резултати во досегашниот дел од првенството.

    Со овој чекор напред и учество во најсилната домашна лига ќе се засили и досегашната обемна работа, но и мотив за постигнување на повисоки резултати. Со ангажманот на талентираните млади домашни играчи, максимална посветеност и работа покажавме дека може и мора да се даде можност на нашите ракометари.

    РК КЛ7 во март се ребрендира и во Супер лигата ќе настапува со ново име РК “Голден Арт КЛ7”. Благодарение на најуспешната градежна компанијата во Македонија “Голден Арт”, се гради и овој клуб. Својата општествената одговорност во различни области “Голден Арт” ја покажува цели 15 години уште од своите почетоци, а во последните 5 години ја насочува и кон младите и спортот, како голем поддржувач на македонскиот ракомет. Со долгорочни цели поставени на здрави основи, дисциплина и континуирана професионална посветеност РК “Голден Арт КЛ7” продолжува во Суперлигата.

    Да потсетиме, заради вонредната ситуација во светот а со тоа и во Македонија, РФМ беше приморан да го заврши првенството. При тоа одлучи да нема прогласување на шампион.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.