Кошаркарот на ЦСКА Москва, Вил Клејбурн, добил закана по пат на социјалните мрежи откако неговиот тим успеа да го совлада турскиот Фенербахче во Евролигата.
Американецот кој беше најефикасен во таборот на рускиот тим со 16 постигнати поени, обелоденил дека на профилот на неговата сопруга на социјалните мрежи пристигна заканувачка порака. -Пренеси му на твојот сопруг дека ќе биде убиен за три дена. Со сета должна почит, семејство Чакирбејли. Да, во Русија сме и тргнавме по него. Ти и твоето семејство ќе бидете сигурни, но, на Клејбурн не му останува уште многу од животот“ – стои во пораката.
Клејбурн јавно побарал од челниците на Евролигата и од луѓето од Фенербахче да реагираат за непријатната ситуација.