Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не криеше дека е многу незадоволен од играта на тимот на натпреварот против Реал Мадрид.
Ливерпул загуби со 1:3 во првото четвртфинале од Лигата на шампионите, а грешките во одбраната го налутија Клоп, кој беше доста критичен во проценката на прикажаното во Мадрид.
„Ако сакате да играте во полуфиналето, мора да го заслужите тоа. Денес не го сторивме тоа, особено во првото полувреме. Единствената позитивна работа на натпреварот, ако исклучиме гол на гостински терен, е фактот дека има реванш“, изјави разочараниот Клоп.
„Ние едноставно не игравме доволно добро за да создадеме проблеми за Реал. Дури и им олеснивме. Грешките се дел од играта и никој не е осигуран. Сепак, не заслуживме подобар резултат. Играта во второто полувреме сепак ни дава надеж. Дефинитивно треба да бидеме многу подобри во контролата на топката”, заврши Клоп.