Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер денеска против Мотор Запорожје на домашен терен, бара потврда на пласманот во осминафиналето од ЕХФ Европската лига.
Битолчани со победа, но и со нерешен резултат, ќе продолжат во следната фаза од Лига на Европа и ќе играат во осминафиналето. Акоз агубат, за ракометарите на Ларс Валтер завршува европската авантура за оваа сезона.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје ќе се одигра со почеток од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“. Инаку, украинскиот шампион кој поради војната игра во втората Бундеслига на Германија, викендов славеше во дерби дуелот против Рошток со 31:30.