Тренерот на кошаркарите на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, вели дека неговиот тим заслужено се враќа победнички од гостувањето кај Рогашка во рамките на 14 коло во АБА 2 лигата. Нашиот тим вчера славеше по две продолженија со 90:83 и прокнижи нови бодови во тркта за првото место на табелата.
„Одигравме вистинско дерби. Двата тима прикажаа врвна и агресивна одбрана. Честитки до моите играчи за победата која многу ни значи“ – потнцираше тренерот на популарните „штркови“.
Македонскиот шампион досега има ефект од 11 победи и три порази и фигурира во самиот врв на табелата. МЗТ Скопје во наредната рунда на 9 јануари ќе му гостува на лидерот Борац кој досега има 12 победи и два пораза.