Челниците на кошаркарскиот состав Њујорк Никс, активно се обидуваат да пронајдат нов тренер.
На нивната листа се наоѓаат повеќе имиња но, Удока и Џејсон Кид, веројатно нема да ја променат средината и затоа отпаѓаат од комбинација. Во прв план се наметнуваат Мајк Браун и Лук Волтон.
Браун е слободен откако беше отпуштен од Сакраменто додека Волтон кој помина 6 години како главен тренер на Лејкерси, сега е асистент во тренерскиот штаб на Детроит.

