Кошаркарот на Будуќност, Норис Кол, се осврна на вчерашните немили настани пред стартот на мајсторката за титулата во АБА лигата против Црвена Ѕвезда во Белград. Играчот од САД беше меѓу тројцата повредени во дивеењето на фановите на „црвено-белите“.
„Тоа беше најнепрофесионален амбиент. АБА треба да се срами за тоа што се случуваше. По нас фрлаа столчиња, шишиња, не плукаа, фрлаа што им дојде при рака… Пиротехника исто така. Нивните навивачи не нападнаа и го прекинаа загревањето. Не примораа да бегаме во соблекувалната. Тоа беше така небезбедно и неприфатливо“, вели Кол.
„Не смееше да се игра но, ни се закануваа дека ќе ни ја земат титулата ако не се појавиме на теренот. Во Подгорица нашите навивачи не влетаа на терен за да го прекинат загревањето. Не фрлаа столчиња, шишиња… “, завршил Кол.