Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе го одигра последниот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. Мечот со домаќинот Романија ќе го реализираме во салата во Плоешти.
Селекторот, Јорданчо Давитков, иако пред решавачкиот меч за првото место во групата се соочува со одредени проблеми во ростерот, вели, дека неговите избраници нема да калкулираат и дека ќе одат на победа на теренот на противникот.
Познато е дека во првиот меч Македонија победи со 14 кошеви разлика што значи дека покрај победа, на нашите репрезентативци денеска против Романија ќе им одговара и пораз до 14 кошеви за да ја исполнат целта и да го продолжат патот кон континенталниот собир.