Македонската кошаркарска репрезентација денеска (12 часот) ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година.
Нашата селекција се најде во последниот осми шешир пред ждрепката која ќе се одржи во Минхен. Заедно со нас во последниот шешир се и селекциите на Шведска, Португалија и Словачка, кои нема да ни бидат ривали во квалификацискиот дел.
Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи од по четири селекции, а квалификациите ќе почнат на 22 ноември.
ШЕШИР 1: Шпанија, Француска, Словенија, Србија
ШЕШИР 2: Италија, Литванија, Грција, Германија
ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција
ШЕШИР 4: Црна Гора, Летонија, Украина, Хрватска
ШЕШИР 5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија
ШЕШИР 6: В.Британија, Израел, БиХ, Холандија
ШЕШИР 7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија
ШЕШИР 8: Македонија, Шведска, Португалија, Словачка