Македонската кошаркарска репрезентација денеска го имаше првиот собир од подготовките пред средбата со Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021.
Селекторот Јорданчо Давитков откако најпрво им даде една недела дополнителен одмор на кошаркарите, денеска во СЦ „Jане Сандански“ ја направи првата прозивка на која не се појавија Дарко Соколов, Кирил Николовски и Андреј Маслинко, кои откажаа поради повреди.
Според планот, нашиот национален кошаркарски тим ќе тренира во Скопје до 27 јуни кога се патува за Фрибург. Давитков за оваа средба ќе смета и на новиот натурализиран кошаркар, Американецот Шејн Витингтон, кој од денеска е со репрезентацијата.