Кошаркарската федерација денеска точно напладне на средба со новинарите треба да го промовира Александар Тодоров за нов селектор на нашата најдобра машка репрезентација.
Младиот стратег кој седи на кормилото на романската екипа ЦСУ Крајова, во минатото му беше асистен-тренер на Заре Марковски кога Македонија во 1999 година прв пат се појави на континеталниот собир.
За новиот селектор првиот голем предизвик ќе бидат квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Во нив ќе играме против Естонија, Русија и Италија.