Квалификациите за Европското кошаркарско првенство во Талин во кои ќе учествува и нашата репрезентација, дефинитивно ќе се реализираат зад затворени врати.
Имено, Владата на Естонија го прифати предлогот на министерот за култура, Тонис Лукас, сите натпревари во затворено да се играат без публика поради ситуацијата со Ковид-19.
Во така наречениот „балон“, ќе учествуваат домаќинот, Италија и Македонија. Наш прв противник ќе бидат „аѕурите“ додека во втората средба ќе излеземе на мегдан со Естонија.

