Македонската кошаркарска репрезентација синоќа го имаше првиот собир пред почетокот на подготовките за ноемврискиот прозорец од квалификациите за СП 2023 година. Раководството на федерацијата, предводено од претседателот Перо Антиќ, имаше заедничка вечера во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје со повиканите кошаркари вос писокот на селекторот Бајиќ.
Денеска со првиот утрински тренинг стартуваат мини-подготовките пред почетокот на светските квалификации. Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10, а вечерните од 18 часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“.
Во првиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Светскиот Куп 2023, на 26. ноември, во Скопје, играме против актуелниот светски шампион, репрезентацијата на Шпанија. Натпреварот ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот.