НБА престана да ги тестира играчите за забранети сусптанци во периодот кога лигата е во прекин заради корона-вирусот, јавуваат американските медиуми. Одлуката е донесена на барање на Здружението на играчи во Лигата.
Според колективниот договор, секој кошаркар може да биде подложен на шест тестови во секое време од сезоната или тренинзи пред сезона. Марихуаната, стероидите и одредени лекови, се на списокот на забранети супстанции на Националната кошарка асоцијација, дури иако во некои држави употребата на така наречената „трева“ е законски дозволена.
НБА две години ја казнува злоупотребата на пушењето марихуана. Тоа може да резултира со забрана за настап на 25 натпревари по првиот прекршок или и до 55 натпревари доколку грешката се повтори.