Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите почнаа со подготовки за дуелите со Словачка и Норвешка
    Кошарка

    Кошаркарите почнаа со подготовки за дуелите со Словачка и Норвешка

    sasoBy saso20/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Машката кошаркарска репрезентација изутринава во салата на СРЦ „Кале“ ги стартуваше мини-подготовките за она што следува во оваа седмица, и тоа како важна, во која се закажани последните два натпревари од вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година.

    На 23 февруари, во Левица, гостуваме на селекцијата на Словачка, и три дена подоцна, во Осло, уште еден гостински натпревар, против репрезнтацијата на Норвешка. 

    Со оглед на краткиот временски период по завршувањето на Куп-неделата во најголмеито дле од европските земји, вклучително и кај нас, нашиот најдобар тим ќе одработи само два тренинзи во својата „база“ во Скопје.

    На првиот се појавија 17 кошаркари од поширокиот список на селекторот Алекандар Јончевски: 

    Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Филип Бакоч, Андреј Шошкиќ (Работнички), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Амар Хот (Феникс 2010), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Андреј Маслинко (Пелистер), Максим Митевски (Гостивар), Страхил Николов (ТФТ Mozzart).

    Сениорите ќе работат и вечерва, од 18.часот, а наредниот ден, во вторник, од 10 часот (собирот е пред СЦ „Борис Трајковски“) е тргнувањето за Словачка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Се повреди Пол Џорџ, сезоната за него е завршена?

    22/03/2023

    На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено

    21/03/2023

    МЗТ Скопје А. поразен и на гостувањето кај Мега Баскет

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.