Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).
Денеска селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, во 18 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го имаат првиот собир на репрезентативците и ќе започнат со предвидените активности се до заминувањето на претквалификациските турнир.
По Бојан Крстевски за овој циклус откажа и Андреј Јакимовски, кој поради обврски во САД не може да одговори за овој собир.