Актуелниот светски кошаркарски првак Шпанија вечерва ќе биде голем предизвик за македонската репрезентација на стартот од вториот дел од циклусот квалификации за СП 2023. Во рамките на првиот натпревар од ноемврискиот прозорец од групата Г, вечерва во 19.30 часот Македонија ја пречекува Шпанија во СЦ „Јане Сандански“ во обид да направи сензација.
Без Лејсон Зекири кој не се јави на повикот, Љубомир Младеновски кој има проблеми со вирус, Стојан Ѓуроски кој има болки во мускулот, а ги нема ниту Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски, Македонија ќе има исклучително тешка задача за успех. Сепак, и селекторот и кошаркарите најавија дека нема да кренат бело знаме.