Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите вечерва против Данска за 4 од 4 во претквалификациите за ЕП
    Кошарка

    Кошаркарите вечерва против Данска за 4 од 4 во претквалификациите за ЕП

    risteBy riste13/11/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва во Гевгелија ќе го одигра вториот натпревар од овој ноемвриски прозорец од претквалификациите за Евробаскетот. Првиот предизвик, Норвешка го поминаа одлично, сега пред избраниците на селекторот Александар Јончевски следува вториот дуел со Данска.

    Данска е селекција која на отворањето на претквалификациите ја победивме на неверојатен начин, со тројка на Ненад Димитријевиќ од половина терен. Потоа Данците имаа порази од Норвешка и Словачка и се последни во групата, без триумф во групата Д и речиси без шанси за пласман во следната фаза. Сепак, тоа не значи дека нашите репррезентативци треба да се опуштат, бидејќи Данска со сигурност го памети поразот од Нествед и ќе се обиде да дојде до одмазда. 

    Доколку Македонија ја запише четвртата победа, во последниот репрезентативен прозорец во февруари ќе влезе максимална, а ќе гостува кај Словачка и Норвешка. Денешната средба во салата „26 април“ во Гевгелија започнува од 19:00 часот. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Се повреди Пол Џорџ, сезоната за него е завршена?

    22/03/2023

    На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено

    21/03/2023

    МЗТ Скопје А. поразен и на гостувањето кај Мега Баскет

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.