Македонската кошаркараска репрезентација вечерва во Гевгелија ги продолжува настапите во циклусот квалификации за ЕП 2025. Избраниците на Александар Јончевски по двете стартни победи, се чини денеска ќе го имаат клучниот меч со Норвешка, која како и ние тргна со максимален учинок во првите два квалификациски прозорци.
Повратникот во нашиот национален тим Адем Мекиќ е согласен дека денешниот дуел со Норвешка е клуч на овие претквалификации.
„Пред нас е очигледно тежок натпревар со делителот на првото место во групата заедно со нас, тимот на Норвешка. Се работи за сериозен тим со брза и сериозна кошарка, со самодоверба и слобода во нападот, предобро воиграна транзиција, но на нас е да ги оправдаме очекувањата и да го одбраниме домашниот терен. За нас е многу важен дуел овој со Норвешка. Спремни сме да го оправдаме, да кажам, донекаде, епитетот на фаворит и на домашен терен. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам на победа“, вели Мекиќ.
Дуелот Македонија – Норвешка стартува од 19 часот во гевгелиската сала „26 јули“.