Кошаркарската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години загуби од Бугарија со резултат 64:69 во битката за седмото место на Европското првенство – Б Дивизија.
Првата четвртина помина во рамноправна борба и резултатот беше 21:21, но вториот и третиот период и припаднаа на Бугарија која направи предност. Сепак избраниците на селекторот Никола Василев направија добра серија со која влегоа во неизвесен финиш. Со добра игра во последната четвртина успеаа да намалат на 64:67, но не и да дојдеат до израмнување или победа.
Во нашата репрезентација најефикасни беа Марко Миловановиќ со 18 поени и Лука Савичевиќ со 14 поени.

