Кошаркарската репрезентација на Македонија е поразена од Романија (79:66) и со ова се прости од претквалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2027 година, затоа што по три меча забележа три порази.
Така, дуелот со Унгарија кој ќе го играме дома ќе биде без резултатско значење, за кошаркарска чест, затоа што е тешко да се поверува да се дојде до победа од 39 разлика над Унгарците и триумф на Романија над Унгарија, па со тоа да одиме понатаму.
Најдобар стрелец на мечот кај Македонија очекувано беше Џејкоб Вајли со 19 поени и девет скока, а го следеше Андреј Магдевски со 15 поени. Двоцифрен беше и Андреј Митревски со 11 поени. Кај Романците, Стефан Грашу постигна 20 постигнати поени.

