Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите заминаа за Бар: Утре контрола со Црна Гора
    Кошарка

    Кошаркарите заминаа за Бар: Утре контрола со Црна Гора

    sasoBy saso15/08/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашата сениорска кошаркарска репрезентација замина за Бар, каде утревечер ќе ја има првата и единствена проверка во текот на августовските подготовки за дуелите со Данска на 25-ти и со Словачка на 28-ми август во претквалификациите за ЕП 2025.

    Новиот селектор на нашата најдобра репрезентација, Алекандар Јончевски на пат за Црна Гора одбра 13 кошаркари, односно сите оние кои се појавија на почетокот на подготовките и ја одработија првата работна седмица во Маврово.

    Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и: Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.

    Натпреварот со Црна Гора стартува утревечер од 19 часот, а ќе се игра во спортската сала „Тополица“ во Бар.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ

    03/02/2023

    Далас победи, но Дончиќ се повреди

    03/02/2023

    Дончиќ брзо jа надмина повредата и одигра нов фантастичен меч

    31/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.