Македонската кошаркарска репрезентација утрово замина за Перм, каде ќе има цел да обезбеди ново учество на Европското кошаркарско првенство.
Добра вест за селекторот Александар Тодоров е тоа што за Русија патува во полн состав, затоа што во тимот се приклучија Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски. Нашата експедиција со специјален чартер-авион полета за Русија, поточно за Перм. Нашите најдобри кошаркари ги чека долг лет до крајната дестинација. Според планот кошаркарите би требало да пристигнат во 16.40 часот, односно во 20.40 часот по локално време.

Македонија своите настапи во перм ги започнува со натпреварот на 18 февруари против Италија, а потоа следат дуели со Русија (19 февруари), повторно со Италија (21 февруари) и на крај против Естонија на 22 февруари.

