Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, утринава го одреди тимот со кој ќе гостува кај Словачка (23 февруари) и Норвешка (26 февруари) во последните два меча од претквалификациите за ЕП 2025.
Во селекцијата се: Лејсон Зеќири (Сигал Приштина), Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Дамјан Робев, Војдан Стојановски, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оренсе), Андреј Маслинко (Пелистер) и Страхил Николов (ТФТ).
Македонија води во групата Д со четири победи и максимални осум бодови, Норвешка и Словачка имаат по шест а Данска е последна со четири бодови.