Женската кошаркарска репрезентација на Македонија треба да го одигра квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Како што веќе беше најавено, истиот ќе се одржи во форма на „балон“ по примерот на завршницата на НБА лигата и тоа во Рига во периодот од 12 до 14 ноември. Македонија ќе игра против селекциите на Хрватска и Германија.
Избраничките на селекторот Владимир Ѓоровиќ премиерниот настап ќе го имаат на 12 ноември од 15:30 часот и ќе играат против Хрватска, додека на 14 ноември во истиот термин ќе се сретнат со Германија. За двата натпревари кои селекцијата ќе ги одигра во Рига, нашите кошаркарки ќе се подготвуваат во Охрид, каде сите заедно ќе тренираат и ќе бидат изолирани.

